Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобил излетал од автопатот Скопје-Тетово(пет лица повредени)

Автомобил излетал од автопатот Скопје-Тетово(пет лица повредени)

Пет лица се повредени во незгода која ноќеска се случила на автопатот Скопје-Тетово.

Автомобил од марката „Рено“ со тетовски регистерски таблички излетал од автопатот, при што повредени се пет лица од кои едното лице  се здобило со потешки телесни повреди. 

Незгодата се случила околу 00:35 часот по полноќ, кога лицето А.Е(45) изгубило контрола над возилото и излетало од автопатот.

Во несреќата со потешки повреди се здобила сопатничката Л.Џ. (71), а со телесни повреди се здобиле и останатите четворица меѓу кои две деца на возраст од 13 и 15 години.

Слично

Поврзани вести