Автомобил излета во Луда Мара
Седумнаесетгодишно момче е повредено попладнево откако автомобилот кој го возел излетал од мост во реката Луда Мара, на патниот правец Кавадарци-Мушов гроб, на излез од селото Ваташа.
Возилото марка „лада самара“ со скопски регистарски таблички е управувано од момче од Кавадарци. На излез од селото Ваташа со возилото тој излетал од мостот, при што се здобил со телесни повреди. Во автомобилот имало уште четворица малолетници. Автомобилот е со измината важност на регистрација, а возачот го управувал возилото без дозвола.
Слично
