Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автоматска дезинфекција на возилата на влез и излез од Куманово

Автоматска дезинфекција на возилата на влез и излез од Куманово

На сите влезни и излезни пунктови во Куманово ќе биде поставена автоматска дезинфекција на возилата. Опремата ја изработуваат професорите од средното техничко училиште „Наце Буѓони” во Куманово.

 Уредите кои тие ги изработуваат електроинженери и машински онженери, како што соопшти, кумановскит градоначалник, Максим Димитриевски, ќе овозможат автоматска дезинфекција на сите автомобили и други возила кои влегуваат и излегуваат од градот.

Општина Куманово обезбедува поголем процент од потребната опрема, а дел обезбедува и училиштето.

Инаку, од вчера има владина одлука со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на Општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз. Тоа се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз.


Слично

Поврзани вести