Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автокампови ќе се градат во Македонија

Автокампови ќе се градат во Македонија
Изградба на автокампови во Македонија е предлогот за кој владата  вчера усвои соодветна легислатива, а министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, објасни дека предложено е автокамповите  да бидат основани од државата или од физички лица на приватно земјиште. Предвидено е 70 отсто од површината на автокампот да се користи за кампирање, а 30 отсто за продавници, здравствени објекти, спорт и рекреација, зеленило. -За формирање автокамп треба да се даде предлог до Владата, која одлучува за неговото формирање, а комисија ќе ја определува категоризацијата на автокамповите во согласност со претходно утврдени критериуми“, изјави министерот Јанакиески. Јанакиески тврди дека досега во Македонија законски не е формиран автокамп. -„Очекувам до крајот на 2013 година да се формираат неколку автокампови во Македонија. Туристите ќе добијат информација за тоа од која категорија е автокампот. Очекувам тоа да го зголеми бројот на туристи во земјата“, додаде Јанакиески. Контролата за тоа како се спроведува законот ќе ја врши Државниот пазарен инспекторат.
Слично

Поврзани вести