АВТОБУСОТ ШТО УДРИ ВО ЖАРДИНИЕРА, ВОЗЕЛ И ДО СРЕДНО ВОДНО: Еве што рекоа од синдикатот на ЈСП
Откако автобусот на ЈСП се удри во жардиниера во Скопје, вчера пред медиумите изјави даваа и возачот но и лица од синдикатот на ЈСП.
„Имаме сознанија дека истиот тој автобус бил испраќан да вози и на Водно. Замислете ако такво нешто се случило, тоа е техничка грешка на автобусот, шоферот максимално што можел направил. За среќа негова, неговата контрола што ја имал не е дојдено до несакани последици“ гласи една од изјавите.
Од синдикатот исто така потврдуваат дека повеќе возачи реагирале за овој автобус дека имал тежок волан. Но во гаражата, возачот заминува, му го даваат возилото на друг возач, велат од синдикатот.
Целите изјави може да ги погледнете тука.
Слично
