Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОБУСИТЕ СО ПРАЗНИЧЕН РАСПОРЕД ЦЕЛ ВИКЕНД: еве како ќе работат жичницата и билетарниците

АВТОБУСИТЕ СО ПРАЗНИЧЕН РАСПОРЕД ЦЕЛ ВИКЕНД: еве како ќе работат жичницата и билетарниците

Автобусите на ЈСП во текот на овој продолжен викенд ќе возат по празничен возен ред, соопштија од претпријатието. 

- Поради верскиот празник Духовден денеска и утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред - се наведува во нивното соопштение.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека денеска од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и кај Транспортниот центар, а утре редовно работно време ќе имаат сите билетарници и центри за персонализација.

Жичницата денеска и за време на викендот ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Во недела, како што информираат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Слично

Поврзани вести