Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автобус од Македонија се расипал и предизвикал несреќа во Австрија, двајца македонски патници тешко повредени

Автобус од Македонија се расипал и предизвикал несреќа во Австрија, двајца македонски патници тешко повредени

Автобус за меѓународен патнички превоз од Македонија се расипал на автопат во Линц, Австрија, рано изутрина. Откако се престроил на првата лента и застанал, одзади бил удрен од камион за превоз на дрва, по што 18-мина се здобиле со повреди.

Автопатот беше затворен за сообраќај.неколку часа. Автобусот патувал кон Германија.

Деветмина патници се потешко повредени во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. 

Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре. Во автобусот имало 18 патници. Двајца се потешко, а 6 полесно повердени. Останатите патници биле пренесени во најблискиот црвен крст. На самото место пристигнале девет возила за спасување.

Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.  

Слично

Поврзани вести