Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автобус од Македонија полн со патници спречен да помине по мостот кој се урна во Србија

Автобус од Македонија полн со патници спречен да помине по мостот кој се урна во Србија

Македонски автобус во последен момент е запрен пред да се урне мостот на Морава во Србија. За 20 минути можеле да завршат трагично. 

Сообраќајната полиција спречила автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да  премине на другата страна, објавија српските медиуми.

„Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија“, пишуваат српските медиуми.

Мостот на Западна Морава рано утринава е целосно уништен поради обилните врнежи што го зафатија Чачак и околината.

Поплави има во Србија, но и во Македонија. 

Во Србија поради поплавите прогласена е вонредна состојба во 52 града и општини, а за 24 часа се евакуирани 217 луѓе.

Слично

Поврзани вести