Автентичното толкување на Законот за помилување од денеска во Собрание
Собранието на Република Северна Македонијаза денес во 14 часот ја закажа расправата по Барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме. Велковски.
Владата вчера на седница даде зелено светло и го достави бо Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, по што претседателот на Собранието Талат Џафери го достави до Претседавачот на законодавно-правната комисија Соња Мираковска.
Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела по иницијативата на Уставен суд да се разгледа повторно можноста за аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов од 2016 која во овој случај не би можела да биде повлечена.
„Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“, стои во мислењето.
