Австрискиот министер за внатрешни работи му се заблагодари на Назим Буши
Заменик-министерот во МВР, Назим Буши, објави писмо во кое австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер му се заблагодарува за поддршката околу расчистувањето на терористичкиот напад во Виена на 2 ноември минатата година.
„Темните т тешки времиња како случајот со терористички напади ја откриваат длабоката важност на тесната соработка, довербата и кредибилитетот на меѓународно ниво. Затоа, дозволете ми да ја искажам мојата искрена благодарност за вашите зборови на утеха и поддршка. Ние длабоко го цениме изразот на солидарност од нашите меѓународни партнери, особено во тешки моменти “ се вели во писмото на Нехамер.
Напаѓачот Кујтим Фејзулаи имал македонско државјанство и бил дел од меѓународната терористичка мрежа. Австрија од Македонија веднаш потоа побара податоци за петмина македонски државјани поврзани со терористичкиот акт.
- Јас и Министерството за внатрешни работи систематски се бориме против тероризмот, секогаш ќе бидеме обединети и пред нас ќе имаме само една цел - да ги елиминираме сите форми на тероризам во земјата и Европа преку меѓусебна координација и соработка со нашите меѓународни пријатели, напиша Буши на Фејсбук.

