ШТО Е ПРИЧИНА НА ПОСЕТАТА: Австриска делегација на чело со Линхарт доаѓа во Скопје
Австриска делегација од бизнис секторот заедно со шефот на австриската дипломатија Михаил Линхарт доаѓа во официјална посета денеска на Скопје.
Како што е посочено домаќин ќе биде министерот Бујар Османи, а покрај тет-а-тет средбата со него, Линхарт ќе има среди и со политичкиот врв, Пендаровски, Заев, Груби.
Главни теми на билатералните средби ќе бидат економско - трговските односи но и Самитот на ЕУ кој се одржува во декември.
Австриската бизнис делегација ќе има средби со економскиот сектор во Владата а целта ќе биде унапредување на соработката.
Слично
