Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријци ќе градат нова фабрика во Кавадарци, се најавуваат 300 вработувања

Австријци ќе градат нова фабрика во Кавадарци, се најавуваат 300 вработувања
Австријци ќе инвестираат во Кавадарци во фабрика за прагови и електроопрема во железници, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Според него ова ќе биде прва ваква фабрика на Балканот. „Фабриката ќе го опслужува поширокиот регион. Се работи за австриска инвестиција во која вработување ќе најдат околу 300 лица. Фабриката ќе биде лоцирана во индустриската зона кај „ИГМ” и „Кабран амбалажа”. Ова е само уште една од низата на инвестиции кои доаѓаат во нашиот град и јас сум среќен што кавадарчани ќе имаат можности да се вработуваат“, изјави Панов.

Слично

Поврзани вести