Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австриски конвој со 136 лица пристигнува напомош во Македонија

Австриски конвој со 136 лица пристигнува напомош во Македонија

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, објави Дирекцијата за заштита и спасување.

Вкупниот број од австрискиот конвој кој треба да помогне во гасењето на пожарите низ земјата е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

„Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата“, информираат од ДЗС.


Слично

Поврзани вести