Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВСТРИЈА, СЛОВЕНИЈА, РОМАНИЈА, СРБИЈА И БУГАРИЈА: Со каква помош помогнаа за гаснење на пожарите

АВСТРИЈА, СЛОВЕНИЈА, РОМАНИЈА, СРБИЈА И БУГАРИЈА: Со каква помош помогнаа за гаснење на пожарите

Изминатава недела Македонија се соочуваше со пекол. Пеколни температури но и пеколна огнена стихија. Пожари ги зафатија речиси сите страни на државата. Најкритично во последните денови беше на истокот . Пожарот кој се разгоре од средна планина и Пасјак меѓу Делчево и Пехчево, стигна до беровските села каде три дена граѓани се бореа со пожарите, додека не дојдоа авиони од Романија да помогнат за ситуацијата да се стави по контрола.


Помош од возила и луѓе беше испратена од пет земји. Австрија, Словенија, Романија , Србија и Бугарија помогнаа пожарите да бидат локализирани и ставени под контрола.

Еве како помогнаа соседите:

-Австрија -139 луѓе, 57 возила;

-Словенија , 45 луѓе, 11 ПП и транспортни возила;

-Србија , 16 луѓе, 4 хеликоптери за гасење пожар;

- Бугарија, 25 луѓе, 3 ПП возила, 1 џип, 1 автобус;

- Романија,  1 авион за гасење пожар, 1 авион за транспорт на логистички средства.


Ова за граѓаните беше помош која им ги спаси животите. Иако изгореа големи хектари шума и ќе требаат години и години за истата да поврати, најважно е што нема човечки жртви.

Не ги забораваме и граѓаните на ппогодените региони кои несебично и со сопствени раце излегоа меѓу огнот и се бореа очи в очи со стихијата .

Слично

Поврзани вести