Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија подготви „нон - пејпер“ за интеграција во ЕУ - што ќе значи тоа за нас?

Австрија подготви „нон - пејпер“ за интеграција во ЕУ - што ќе значи тоа за нас?

Има и австриски „нон-пејпер“ за постепена интеграција во Европската Унија(ЕУ).

Австрија сака да промовира побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг и министерката за европски прашања Каролин Едштадлер, испратиле „нон пејпер“ со конкретни предлози до високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел и еврокомесарот за преговори за проширување, Оливер Вархеји. Во австрискиот „нон пејпер“ се наведени предлозите што беа претставени во мај лани, пренесува австрискиот јавен радиодифузен сервис ОРФ.

Според двајцата австриски министри, документот има за цел да го забрза проширувањето на ЕУ. Тие ја повикуваат ЕУ да има „јасен план за побрза интеграција до 2024 година и понатаму“ и земјите од Западен Балкан редовно да бидат поканети да учествуваат неформално на состаноците на Советот на ЕУ. ОРФ објави и дека проширувањето на ЕУ е високо на агендата на неформалниот самит на шефови на држави и влади на ЕУ следната недела.

Австрија го презентираше продолжението на својот предлог за постепена интеграција на Западен Балкан на состанокот на министрите за Европа на ЕУ во средата во Шпанија.

foto freepik.com/fabrikasimf

Слично

Поврзани вести