Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија ја стави Македонија на листата безбедни земји

Австрија ја стави Македонија на листата безбедни земји

Австрија ја вклучи Македонија во безбедните земји во врска со пандемијата на коронарниот вирус, што ќе им овозможи полесно патување на македонските граѓани во таа земја.

Од утре, кога стапува на сила новата регулатива на австриското Министерство за здравство, граѓаните на Македонија ќе можат да патуваат во Австрија.

Покрај Македонија, на списокот на безбедни земји се додадени и САД, Србија, Албанија, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.

Граѓаните од овие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен тест, односно лекарско уверение.

Од воведувањето на ограничувачки мерки, влезот на македонските граѓани за туристички цели беше спречен во Австрија.

Само оние кои имаа дозволи за престој или посебни причини би можеле да влезат во земјата, најпрво само со негативен PCR-тест и задолжителен десетдневен карантин или без карантин доколку се вакцинираат.


Слично

Поврзани вести