Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австралијанка е приведена затоа што го пречекорила дозволениот туристички престој

Австралијанка е приведена затоа што го пречекорила дозволениот туристички престој

На скопскиот аеродром е приведена државјанка на Австралија.

Ноќеска во 2 часот по полноќ, полицијата на скопскиот аеродром приведе државјанка на Австралија. Полицијата информира дека на граничниот премин „Меѓународен аеродром"-Скопје од полициски службеници е приведена Н.Д.(29) од Австралија, затоа што по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека го има пречекорено дозволениот туристички престој во земјава.  Таа е предадена на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка. 

Слично

Поврзани вести