Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австралија бара работници, кои профили се потребни?

Австралија бара работници, кои профили се потребни?

Министерството за имиграција и гранична заштита на Австралија издаде листа на занимања кои се потребни за 2016 и 2017 година.

За овие работни места можете да се пријавите. Оваа листа стапи на сила од 1 јули.

Се даваат работни визи за постојан престој на стручни работници, привремени визи во траење од 4 години, период во кој би можеле да работат работниците и потоа да аплицираат за постојан престој. Се нудат и привремени визи за дипломци, за живот и работа во Австралија по дипломирање.

Меѓу кадрите кои се бараат се менаџери на проекти, инженери, шумар, ветеринар, наставник, педијатар, невролог, физијатар, хирург, ѕидар, столар, електричар, психотерапевт, медициски сестри и друго.

Слично

Поврзани вести