Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВРМ ќе обучува млади невработени да програмираат

АВРМ ќе обучува млади невработени да програмираат

Младите невработени на возраст до 29 години кои имаат основни познавања од програмирање ќе може да посетуваат бесплатни обуки поддржани од Агенцијата за вработување на Република Македонија за Јава деволопери и тестирање на квалитет на софтввер.

Пријавените треба да поминат пред тестирање за да бидат вклучени во обуката што за едно лица чини 1.550 евра. За оваа мерка се обезбедени 18.450.000 денари (295.000 евра) од третиот грант на АВРМ „Поддршка за вработување  млади лица до 29 годишна возраст“, финансиран од Европската унија.

- Се надевам дека до крајот на годинава сите 220 лица ќе земат сертификати и ќе се обидеме да ги понудиме на дел од компаниите кои отворија претставништва и работни места во Македонија и оние кои веќе постојат и имаат потреба од вакви лица, изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ.

Според министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска, АВРМ и со помош од европските фондови досега за ИТ областа се преквалификувани над 800 лица без формално ИТ образование, а во фаза на преквалификација се 200. 500 се веќе редовно вработени, а за другите се смета дека се ангажирани со авторски и договори на дело.

Слично

Поврзани вести