Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аврамовска Мадиќ: Не сме разговарале за пари со членовите на Работната група за уставни измени

Аврамовска Мадиќ: Не сме разговарале за пари со членовите на Работната група за уставни измени

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ вечерва во гостувањето во Телевизија 24 рече дека никој досега не споменал пари од 23 членови-експерти на работната група за подготовка на уставните амандмани.

- Сите дојдоа со добра волја, не сме разговарале за тоа. Јавноста ќе биде известена откако ќе разговараме за тоа, рече Аврамовска Мадиќ.

Таа додаде дека нема чувство дека експертите Владо Камбовски, Рената Тренеска-Дескоска и Светомир Шкариќ одбиле да учествуваат во групата, иако беа најавувани.

- Сите тројца прифатија и разговараа за тоа. При создавањето на оваа група, бидејќи не пишуваме Устав, туку корегираме дел за меѓународното право и за етнички заедници, јас не добив впечаток дека одбиле да учествуваат, рече заменик-министерката.

Конститутивна седница на работната група се одржа на 26 април, на која за претседател беше избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право. Работната група брои 23 члена, од кои 10 се експерти, 10 се претставници на политичките партии, а тројца доаѓаат од институции и тоа по еден претствник од МНР, СЕП и од кабинетот на претседателот.

Опозицијата одби да номира свои претставници. ВМРО-ДПМНЕ и покрај апелите да се вклучи во групата, опстојува на ставот дека нема да дадат поддршка на уставни измени. Работното тело е формирано од Министерството за правда по налог од Владата, кое треба да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници во преамбулата на Уставот. Предлог иницијативата потоа треба да биде доставено во Собранието, каде треба да ги помине сите работни тела во рамките на Парламентот. За да бидат донесени за уставните измени треба да гласаат две третини од пратениците.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за продолжувањето на преговорите со ЕУ и одржување на втората меѓувладина конференција.


Слично

Поврзани вести