Аврамовска Мадиќ: Мислев на Евреите, не за внесување на Егејците во Уставот
- Мислам дека на сите им стана јасно за што станува збор. Мислев на Евреите и им се извинувам на Егејците, рече денеска пред медиумите Аврамовска Мадиќ.
Таа во вчерашната емисија на телевизија 24 додека вбројуваше кои народи треба да влезат во уставот ги наброја и Егејците.
„Кога ќе го видат предлогот и кога ќе видат дека ништо не е лошо и дека во Уставот на Република Северна Македонија во преамбулата ќе влезат и другите народи кој што поднеле барање, тука не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорци, Хрвати, Египќани, Егејците и за многу други кои што ќе поднесат барање“, рече во еден дел Аврамовска Мадиќ.
Денеска следуваше лавина од реакции на социјалните мрежи дека заменик-министерката го прогласила егејскиот народ како посебен народ и туѓ .
