АВМУ со забелешки за известувањето на МРТ за настаните од 27 април
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, го повикува Програмскиот совет на MPT, како орган кој има законска обврска да ги штити интересите на јавноста во поглед на програмата и сите содржини што ги емитува Јавниот сервис, да го преразгледа известувањето на MPT во врска со случувањата во Собранието на PM од 27 април 2017 година.
При мониторингот на
известувањето на радиодифузерите за овие настани Агенцијата воочи дека има потреба Програмскиот совет, како надлежен да го следи исполнувањето на програмските обврски, начела и
стандарди кај MPT, да го разгледа известувањето на MPT од аспект на должностите на Јавниот сервис утврдени во членовите
110 и 111 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова
особено се однесува на обврските:
- да обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање за сите важни политички и други настани и случувања во Република Македонија,
- да ја промовира и унапредува културата на јавен дијалог и да овозможи и арена на широка јавна дебата по прашања од јавен интерес, како и
- да обезбеди непристрасни, сеопфатни и важни информации и истите да ги презентира јасно, недвосмислено и на начин на кој граганите ке имаат можност слободно да го формираат своето мислење.
Ваквиот повик сè должи пред cе поради тоа што Јавниот сервис не обезбеди навремено информирање за настаните во Собранието, делови од репортерските јавувања не бea во согласност со улогата и функциите на јавен радиодифузен сервис и не бea организирани актуелно-информативни програми во кои ќе се дебатира за овие општествено-политички случувања кои се од исклучителен јавен интерес, додаваат од АВМУ.
