Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВМУ со критики за телевизијата на Кочан-не известувала објективно за инцидентите во Собрание

АВМУ со критики за телевизијата на Кочан-не известувала објективно за инцидентите во Собрание

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден надзор врз програмата на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ, Скопје, емитувана на 27 април 2017 година.

Со надзорот е констатирано дека при известувањето за случувањата во Собранието на РМ, не се почитувани професионалните начела за вршење на дејноста, односно дека телевизијата не обезбедила објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања, што е спротивно на член 61 став 1 алинеја 9 од ЗААВМУ.

Целосниот извештај од вонредниот надзор е достапен на следниот линк, а во видеото подолу можете и сами да погледнете како известуваше овој медиум.


Слично

Поврзани вести