АВМУ ПОВИКУВА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ НОВИНАРСКИТЕ СТАНДАРДИ, ќе доделат помош од по 60 илјади денари за секое настрадано лице, и по 30 илјади денари за повредените
Во врска со тешката автобуска несреќа што се случи во Република Бугарија, во која животот го изгубија голем број македонски граѓани, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите при известувањето да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи, односно информирањето да биде ослободено од сензационализам и новинарите да ја почитуваат личната болка и жалост. Воедно, информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави.
Имајќи ги предвид размерите на трагедијата, Агенцијата апелира радиодифузерите да ја прилагодат својата програма и да емитуваат содржини соодветни за вакви настани, односно да не емитуваат забавна програма. Истовремено, доколку се во можност треба да го прекинат и емитувањето реклами.
Инаку, АВМУ денеска на вонреден состанок одлучи да им додели донација за семејствата од 60.000 денари за секое настрадано лице и по 30.000 денари за секое повредено лице.