Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВМУ го осудува нападот врз екипата на МРТ

АВМУ го осудува нападот врз екипата на МРТ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападот врз новинарската екипа на информативната програма на Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радио телевизија, од страна на припадници и симпатизери на политичка партија.

Оттаму посочија дека насилството врз новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за актуелните општествено политички настани.

Агенцијата апелира да се овозможат нормални и непречени услови за професионално работење на медиумите и медиумските работници.

Слично

Поврзани вести