Авионските карти ќе бидат дозволи за движење на патниците во полициски час
Дозвола за движење во полициски час за патниците кои ќе слетуваат на македонските аеродроми ќе бидат нивните авионски карти, соопштија денеска од Меѓународниот аеродром Скопје. Полицискиот час почнува од денеска и ќе се применува од 22 до 5 часот наутро. Од забраната за движење практично се изземени патниците
„Според вчерашната Одлука на Влада, со која од 22 часот вечерва, 10-ти март, почнува полицискиот час, кој ќе трае од 22 часот навечер до 5 часот наутро, секој ден, во времетраење од две недели, до 22 март, сакаме да ве информираме дека согласно владината Одлука и известување: https://vlada.mk/node/24494, од забраната за движење се изземени патниците на двата Меѓународни Аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со тоа што како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти, стои во објавата.
