Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОНОТ ВО КОЈ ЛЕТАЛА ЕКСМИНИСТЕРКАТА ЦЕЛА НОЌ СЕ „МАЧЕЛ“ ДА СЛЕТА ВО СКОПЈЕ - еве што доживеала Шекеринска враќајки се од Виена во земјава

АВИОНОТ ВО КОЈ ЛЕТАЛА ЕКСМИНИСТЕРКАТА ЦЕЛА НОЌ СЕ „МАЧЕЛ“ ДА СЛЕТА ВО СКОПЈЕ - еве што доживеала Шекеринска враќајки се од Виена во земјава

Радмила Шекеринсдка, екс министерка за одбрана на земјава, имала проблеми со нејзиниот авионски лет, односно пшроблемите се случиле при слетувањето во Скопје. 

Поранешната министерка тоа го потврди и лично самата таа, преку нејзиниот фејсбук профил. 

Имено, авионот во кој се возела ексминистерката и истакната членка на СДСМ, всушност летал од Виена кон Скопје, но при обидите да слета се соочил со сериозни проблеми поради невремето, па морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон аеродромот во Софија, пишува Плусинфо.

Потоа од Софија, откако се создале услови, авионот се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.

„Кој рано рани… цела вечер се мачел да слета во Скопје. Како утеха – прекрасно утро!“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести