Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРАГАТА ЗАПРЕНА: Познато кој бил во авионот кој се урна кај Солунска глава во Македонија

ПОТРАГАТА ЗАПРЕНА: Познато кој бил во авионот кој се урна кај Солунска глава во Македонија

Четири лица го загубиле животот по пад на мал авион со кој се превезувале на релација Охрид –Софија.  Загинатите лица се граѓани на соседна Бугарија. Нивните тела се веќе пронајдени, соопштуваат од  М-НАВ.

Авионот тип „Цесна“ П210Н поради лошите временски услови побарал да слета во Скопје, но по кратко, побарал дозвола да продолжи кон Софија, сопшти Николче Тасевски од М-НАВ.

Авионот е паднат кај месноста Солунска глава. Пред авионот да исчезне од радарите пилотот соопштил на контролорите на летање дека има многу силни турболенции.

Во потрагата на остатоците од паднатиот авион се придужиле и два полициски хеликоптери.

Сепак вечерва потрагата е прекината поради невремето и непристапниот терен а остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен на голема височина.

МВР за 21 часот најави прес конференција па со нови детали за кратко.
Слично

Поврзани вести