Авганистанците стигнаа во Скопје
Втората група Авганистанци попладнево стигна во Скопје.
Станува збор за група од 44 лица. Меѓу нив има жени, деца, и мажи. На аеродром ги чека автобус кој ќе ги донесе до сместувачките капацитети.
Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие допатуваа на 31 август и во најголем дел се работи за луѓе што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.
Слично
