Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Аудито“ на Мерко продадено на купувач од битолско за 22 илјади евра

„Аудито“ на Мерко продадено на купувач од битолско за 22 илјади евра

Службеното вопзило Ауди-А6, кој неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, денес е продадено на јавна аукција и сега има нов сопственик од битолско, дознава Алсат. 

Возилото е продадено за 1 милион 350.000 денари, или околу 22 илјади евра. Средствата од продажбата ќе бидат искористени за отплата на дел од стариот долг на Општина Струга. Веста за Алсат ја потврди и актуелниот градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира. Продажбата на возилото беше едно од првите ветувања на актуелниот градоначалник по стапувањето на функцијата. Сепак, во меѓувреме, автомобилот беше запленет од извршител од Охрид, поради финансиски обврски на општината.

Претходно беше објавено дека почетната цена на аукцијата ќе биде 10.000 евра. Возилото беше купено пред шест години.

Слично

Поврзани вести