„Ауди“ се преврте во Скопје
На 19.10.2018 година во 00,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ѓ. (19) од Скопје изгубило контрола и се превртелo, пренесе МВР.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.Ѓ. а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Д.(18) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Слично
