АУДИ ПОМАГАЛО НА ФИЛМСКОТО БЕГСТВО, МУ ГО БЛОКИРАЛО ПАТОТ НА ЗАТВОРСКОТО КОМБЕ - ќе се истражува зошто возилото тргнало без полициска асистенција
Министерството за правда со детали за филмското бегство на затвореникот, при што се открива дека помош на затвореникот пукач и бегач му дало возило со марка ауди, кое се испречило на патот на затворското комбе.
Од Правда уште кажуваат дека Управата за извршување санкции ќе испитува зошто службеното возило на затворот немало полициска асистенција.
„На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар Мајка Тереза поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ауди со сива боја без регистерски таблички, кое им го блокирало патот. Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило ауди. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Издадена е наредба за распишување на централна потерница. Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница Воедно. Ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан“, се вели во соопштениетпо од Правда.
Од ресорот на министѕерпот Тупанчески уште и доддаваат дека осуденото лице Б.М од Тетово било осудено на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година.
