ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС СО ПОЗИТИВЕН ИСЧЕКОР: Подготвен „теренот“ за средбата Заев-Ципрас
Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија се состанаа вчера во присуство на претставникот на ОН, обидувајќи се да ги надминат разликите околу прашањето со името пред самитот на ЕУ следната недела во Софија.
Конфликтот што продолжува откако Скопје прогласи независност во раните 1990-ти години, е главната причина за блокирање на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО. И против противречностите двете страни одлучија минатата година да ги обноват напорите за наоѓање на решение на спорот со надеж да завршат пред почетокот на летото.
Средбата меѓу тројцата дипломати - македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, неговиот грчки колега Никос Коѕијас и претставникот на ОН Метју Нимиц започна утрово саботата во Атина.
„Се наоѓаме во една многу деликатна фаза ... Се справуваме со една од последните преостанати разлики", изјави министерот Димитров за време на прес-конференција во петокот вечерта. Според него, ако биде спроведен напредок, за период од околу 11 недели би можело да биде постигнато "големо олеснување".
Тешка и тензична средба, но со позитивни моменти
„Можам да го карактеризирам состанокот како доста тежок и на моменти тензичен а министрите за надворешни работи на Македонија и Грција ќе ги информираат своите премиери пред нивната средба на 17 овој месец во Софија“, кажа медијаторот Нимиц по завршената средба со Димитров и Коѕијас во грчкото место Сунио.
Разговорите доаѓаат неколку дена пред самитот меѓу лидерите на ЕУ и оние од Западен Балкан, каде премиерите на двете земји, исто така, се очекува да разговараат за ова прашање.
Надежта на грчкиот премиер Алексис Ципрас е да постигне решение на долготрајниот спор што ќе му даде повеќе позиции пред Европа, како и да ја зајакне својата поддршка дома, каде што многумина Грци ги трпат последиците од должничката криза и трите последователни спасувачки програми како напад против нејзиниот суверенитетот.
Во меѓувреме, македонскиот премиер Зоран Заев, кој дојде на власт пред околу една година, сака на тој начин да го забрза членството на земјата во НАТО и ЕУ, надевајќи се дека на тој начин ќе ја засили поддршката во коалицијата.
Властите во Атина, кои одбиваат да ја признаат Македонија под тоа им, се согласуваат на компромисни варијанти, меѓу кои Горна Македонија или Северна Македонија.
