Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атина ги отфрли шпекулациите околу прашањето за името на Македонија

Атина ги отфрли шпекулациите околу прашањето за името на Македонија

Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека Владата во Атина ги отфрлила шпекулациите на медиумите на албански дека е постигнат напредок во спорот околу името на Македонија и дека е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“.

Катимерини во онлајн медиумот ја пренесува изјавата на портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос дека Атина отфрла да учествува во шпекулациите за разговорите за името на земјава.

„Не сме заинтересирани за многубројни шпекулации во врска со преговорите за името, туку да продолжиме со преговорите на сериозен начин, така да можеме да дојдеме до решение во наредните неколку месеци за проблемот кој не следи 25 години“, рекол Цанакопулус, оДговарајќи на наводите на медиумите на албански дека е постигнат договор оти Македонија ќе го смени името во „Република Нова Македонија“.

Грчкиот весник Прото тема вчера, повикувајќи се на порталот Infosschip, кој е фокусиран на Македонија, пренесе деа Атина и Скопје наводно се договориле Македонија да го смени името во „Република Нова Македонија“ или скратено „Нова Македонија“, а двете се наведени во верзии на македонски, англиски, грчки и албански јазик.

Тоа е објавено по состанокот на потпретседателот на владата Бујар Османи со претставници на грчката влада во Атина.

Грција и Македонија на состанокот се сложиле да направат нови напори во цел решавање на спорот кој ја кочи Македонија кон придружување на ЕУ и НАТО.

Слично

Поврзани вести