Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атиџе им покажуваше на учениците стари маалски игри

Атиџе им покажуваше на учениците стари маалски игри

Ѕвездата од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова, во рамките на Еразмус плус програмата на учениците од „Методија Митевски – Брицо” од Лозово им покажуваше стари маалски игри.

Освен со локалните деца, таа другаруваше и со нивните гостинчиња од Португалија, Бугарија и Грција. Средбата беше во рамките на проектот „Играј и учи за младоста” , финансиски поддржан од Европската комисија за образование, а кој е посветен на учење на децата на веќе подзаборавените детски игри од училишните дворови и улиците.

Атиџе им раскажуваше на децата за своето детство, а евоцираше спомени за своите детски игри и куклите од дрво и волна и партали, кои самата ги изработувала. 

Таа им упати силни пораки на децата да се дружат преку игрите и им порача за да бидат здрави секое утро да јадат по едно лажиче мед со лимон, но и да се дружат со пчелите, бидејќи тие го одржуваат светот и им рече секогаш кога се во друштво и со секого сè да делат пола пола.

Атиџе порача дека секое дете се приврзува кон возрасниот ако тој му посвети време, а за родителите рече да не трчаат само по работа туку да ги учат децата на вистинските вредности.

-Родителите се тие кои ги изведуваат децата на прав пат и кои треба да ги оттргнат од лошите патишта.Но и децата треба да ги почитуваат родителите па и да се грижат за нив кога ќе остарат, порача Атиџе.



Слично

Поврзани вести