Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атиџе е ѕвездата вели екипата на „Медена земја“, таа побара раат по Оскарите

Атиџе е ѕвездата вели екипата на „Медена земја“, таа побара раат по Оскарите

Атиџе е главната ѕвезда, и најважно беше тоа што таа беше овде, вели екипата на Медена земја, која утринава преку видео повик се јави од Лос Анџелес и на новинарите во Македонија им одговараа на прашања по завршената церемонија доделување на Оскарите.

Главната протагонистка на Атиџе пак упати молба. Овде ми е супер, многу му се радувам на океанот. Но, утре се враќам и си имам работа со пчелите, оставете ме на раат, доста се интервјуа, им рече таа на новинарите.

Екипата на Медена земја, прашана дали пак би снимала филм со истите луѓе , одговори Да. Потврден одговор на ова прашање даде и Атиџе. Таа рече дека пак би снимала филм со истите луѓе.

Тамара Котевска и режисерите на документарецот кој не однесе на врвот рекоа дека недобиениот Оскар не треба да значи разочарување .

Слично

Поврзани вести