Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атанасов: Засилени контроли на АХВ по откривањето на производи со ГМО

Атанасов: Засилени контроли на АХВ по откривањето на производи со ГМО

Директорот на АХВ Зоран Атанасов денеска најави дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во наредниот период ќе спроведе засилени контроли за присуство на генетски модифицирани организми (ГМО) во храната.

На денешната прес-конференција тој нагласи дека засилените мерки следат по откривањето во мај годинава на 550 килограми ГМО ориз произведен во Кочанско од увозно семе и присуство во увозни соини трошки и шницли од Србија

„Оризот е  произведен од увозно семе и најден во магацин на операторот, но се уште не се знае кој е неговиот производител. Ставен е под официјален надзор и ќе биде уништен. На операторот со храна му е изречена парична казна, 5.000 евра во денарска противвредност за субјектот и 1.700 евра за одговорното лице“, рече Атанасов.

Атанасов кажа дека во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,ќе се вршат контроли кај увозниците на семенски материјал за да се утврди од каде е увезено сомнителното семе. 

„Соините трошки и шницли кај кои со првичните испитувања се утврдило дека содржат ГМО се увезени од Србија. Целата откриена колична од 510 килограми е повлечена од продажба“, кажа тој.

На барање на увозникот „Виталиа“ во моментов се врши суперанализа во референтна лабораторија откако првата анализа покажа дека има присуство на ГМО.

Во Европската унија, како што вели е дозволено консумирање на храна со ГМО, но нејзиното присуство треба да биде истакнато на декларацијата. Слично било и во Македонија до 2015 година, кога, како што кажа, преку ноќ е донесена политичка одлука да се забрани консумирањето на производи со ГМО до влегувањето на земјава во Унијата.

Фото: МИА


Слично

Поврзани вести