Атанасов: Во политичка смисла и како државен симбол Гоце Делчев по националност е Македонец
И во политичка смисла и како државен симбол Гоце Делчев по националност е Македонец, реагира екс пратеникот и заменик-министер за образование од СДСМ, Петар Атанасов.
Тој додава дека Гоце Делчев не смее да биде предмет на преговори со Бугарија.
„И во политичка смисла и како државен симбол Гоце Делчев по националност е Македонец. Со кој памет некој се обидува да преговара за неговиот етнички идентитет за кој во науката се знае дека има објективни и субјективни елементи. Таа тема не смее да биде на дневен ред“, напиша Атанасов на Твитер.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на Фејсбук објави дека „дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:
Минатата недела имаше средба меѓу македонските и бугарските историчари, но договор нема, туку само мал напредок на тема Гоце Делчев.
