Атанасов го потврди тврдењето на Заев: Сакав да бидам министер
„Да, изминатите шест години го следам образованието интензивно на сите нивоа. Бев неколку години претседател на Комисијата за образование на СДСМ. Со мојот тим во партијата создадовме амбициозна изборна програма и очекувавме дека ние ќе ги спроведуваме реформите. За жал, партијата, или врвот на партијата, Министерството за образование пред две години го даде да го раководи друг кадар. Конечно, во септември 2018 ја добив позицијата заменик министер, но не ми беше овозможено да ангажирам дел од моите луѓе“, рече Атанасов во денешното интервју за „Мета“.
Претходно Заев во синоќешното телевизиско гостување рече дека Атанасов си заминал затоа што не му било овозможено да ги оствари своите амбиции да стане министер за образование.
„Тоа го направи затоа што не стана министер за образование. Тој бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер“, рече Заев во ТВ-емисијата.
Атанасов во интервјуто додава дека во 2013 година бил повикан од СДСМ да им помогне во креирањето на програмата, но дека сега повеќе не сака да има ништо повеќе со политиката.
Слично
