АСТРОНАУТИ, ПОЛИТИКА И ЗАБАВА: Џамбазов му одговори на Трифонов со облечен астронаутски скафандер
„Ги повикувам сите колеги астронаути, утре во 17 часот да се чекаме пред вселенската станица Ќустендил за да го одработиме првиот тренинг“, напиша македонскиот шоумен Игор Џамбазов, објавувајќи своја слика на инстраграм со астронаутски скафандер.
Неговата објава следува по изјавата на Слави Трифонов лидерот на бугарската политичка опција „Има таков народ“ кој вчера рече дека ќе направел се да испрати Бугарин и Бугарка како астронаути во НАСА, а со нив, како што рече, и еден „северномакедонски“ астронаут.
Инаку македонски медиуми споделуваат видео од една поодамнешна средба на Џамбазов и Трифонов, кога нашиот водител му бил гостин во студио на својот бугарски колега, а кое е интересно за гледање уште еднаш.
Слично
