АСОМ: Итна промена на мерките или финансиска поддршка, приходите се преполовени
Асоцијацијата на спортски обложувачници на Македонија (АСОМ) информира дека со новите ковид-мерки, со кои за влез во спортска обложувачница се бара сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, драстично е опаднат прометот, според проценките на членките на АСОМ за речиси 50 отсто, што директно значи и намален приход во државниот буџет.
Обложувачниците сметаат дека со тоа е загрозен опстанокот на оваа стопанска гранка и во прашање се доведени работните места на повеќе од 3.500 директно вработени во спортските обложувачници и преку 50.000 вработени во други дејности коишто зависат од работењето на обложувачниците.
Нагласуваат дека целосно ги поддржуваат напорите на Владата за помасовна имунизација на населението, но до тогаш не смее да се дозволи решавајќи еден проблем, да се отворат низа други кои дополнително ја дестабилизираат економијата и бизнисот.
Обложувачниците апелираат до Владата и итно да овозможи онлајн игри на среќа преку домашните лиценцирани приредувачи кое дополнително ќе придонесе кон поголема безбедност за играчите и ќе помогне во одржување на дејноста која има силен социо-економски придонес во државната економија. Секоја година од индустријата на игри на среќа во државниот и локалните буџети се слеваат повеќе од 250 милиони евра. Тука се вклучени директни и индиректни приходи, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор.
ПР-Објава