Економија, финансии, бизнис

Контакт

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА СЕ ОГРАДИ ОД ПЕХЧЕВСКИ: Личното незадоволство на Игор може да оди на штета на сите пациенти

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА СЕ ОГРАДИ ОД ПЕХЧЕВСКИ: Личното незадоволство на Игор може да оди на штета на сите пациенти

Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза, на Фејсбук објави дека се оградува од личниот став на младиот Игор Пехчевски, кој истакна дека бил уценуван заради изјавите за новинарите. 

„АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза.

Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.

Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од Stojka Fustik, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден.

Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне“, се вели во соопштението.




Слично

Поврзани вести