Асани: Во секое време сум достапен за обвинителството ако ме покани
Функционерот на ДУИ кој во Чаир имаше инцидент со полициска службеничка за непрописно паркирано возило, за ТВ 24 вели дека е достапен во секое време за Основното јавно обвинителство и дека ако добие покана ќе се појави на распит.
Бекир Асани се уште не дал исказ во јавното обвинителство, потврдуваат од обвинителството, но не откриваат причини зошто се уште не е повикан за инцидентот со полицајката кај Мавровка.
Асани им порачува на обвинителите да не потпаѓаат под притисоци на јавноста и бара правично и праведно да го расчистат случајот врз основа на дадените изјави.
Членот на „интегративците“ вели дека постојат снимки од видео камери кој што можат да ги обезбедат, а кои докажуваат дека критичниот ден имало само вербална расправија, а не и физички контакт.
Фуинкционерот на ДУИ смета дека е на мета на јавноста, а на полицајката Јасмина Јаначковска и се извинува за евентуалното навредување.
