Економија, финансии, бизнис

Контакт

Асаф Адеми: Како што ми беше донесен финалниот предлог, јас така го потпишав

Асаф Адеми: Како што ми беше донесен финалниот предлог, јас така го потпишав

Организатори на фестивали и претстави и денес продолжија со своите реакции преку медиумите за Годишната програма од Министерството за култура за проекти кои финансиски ќе бидат поддржани во 2019 година. Министерот Асаф Адеми поврзувајќи се сос студиото на Канал 5 од Берлин порача дека го потпишал драфт-предлогот од стручните комисии онака како што го добил.

- Им ги оставив работите на работните комисии, тие се составени од професионалци. Тие работеа месец и пол. Работеа на сите апликации. А критериумите беа јасни и јас одлучувам како што вели законот. Јас не го измислувам начинот. Како што ми беше донесен финалниот драфт-предлог јас така го потпишав - рече Адеми.

За реакцијата на Скопски џез-фестивал, ресорниот раководител вели дека организаторот сакал да биде привилегиран.

- На Скопскиот џез-фестивал му беше кажано да ги достави документите и му беше кажано дека нема да има средства доколку не ги достави документите. Тоа се правила на игра кои треба да важат за сите - наведе Адеми.

Министерот додаде дека работите нема да се променат ако тој поднесе оставка и одговорноста му се наметне на нему.

- Нека повелат медиумите, нека истражуваат, видете ги самите документите. Сите апиканти што беа одбиени повторно ќе се разгледаат нивните апликации. Асаф Адеми не пати за политичка функција, јас сум тука за граѓаните. Проектите не сум ги делел на македонски и албански. Било важно само да бидат квалитетни - тврди владиниот функционер.


Слично

Поврзани вести