Економија, финансии, бизнис

Контакт

Артан Груби: Про-опозициски портал со лажна вест за Али Ахмети

Артан Груби: Про-опозициски портал со лажна вест за Али Ахмети

Првиот вицепремиер Артан Груби демантира дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, добил обвинение од Хашкиот суд и дека тоа е лажна вест на про-опозициски портал, од кого потоа и другите ја превземале веста.

Ваква информација претпладнево се рашири, а потоа беше повлекувана, откако синоќа беше објавено дека вчера притворен во Хаг е поранешниот претседател на Косово, хашим Тачи, како и уште тројца поранешни команданти на ОВК.

„Лажна вест е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е обвинет од Хашкиот суд. Ахмети е коосновач на НДК и ОВК, поддржувач на владеењето на правото, неселективна правда и тоа секогаш го докажувал, дури и во случајот на последното сведочење во Приштина“, напиша Груби на неговиот официјален фејсбук профил

Оние што го посакуваат зло за Албанците и ОВК и н нарачуваат лажни вести подобро да се чуваат од ваквата клевета затоа што ниту минатото, ниту сегашноста ниту утрешното нема да им простат“, објави актуелниот министер за политички систем.

Претседателот на Демократската унија за интеграција во јули беше поканет како сведок од Специјализираните комори на Република Косово при Специјалното обвинителство со седиште во Хаг.

Слично

Поврзани вести