Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

Артан Груби го нема да се огласи на ниту една социјална мрежа, откако првично напиша дека отишол во приватна посета на Косово. 

Неговиот некогашен сопартиец, а сега вицепремиер Изет Меџити, смета дека тој можеби е во Албанија. 

Но, она што е интересно, е како денеска се произнесоа од неговата матична партија ДУИ за Артан Груби, е дека не ги коментираат наводите  на Меџити, бидејќи, како што изјавиле за ТВ 24, „Груби“ повеќе не е дел од ДУИ“.

Малку необично така да коментира една партија за еден од своите до скоро најистурени играчи, човекот кој секогаш му беше десна рака на Али Ахмети.

Како што е веќе познато, Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Прпарим Бајрами, се осомничени дека како соизвршители и одговорни лица во тоа државно акционерско друштво, вршејќи ги своите посебни овластувања и должности, во 2023 година направиле штета на акционерското друштво со намера противправно да прибават буџетски средства на Лотарија во износ од над 8 милиони евра. Обвинителството ги сомничи за кривичното дело проневера во службата.

Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор, кој ќе почне да се спроведува по нивното обезбедување во земјата бидејќи во моментов не се достапни за органите на прогонот.

За Груби и Бајрами се објавени меѓународни потерници.

Слично

Поврзани вести