Артан Груби: Победи нашата политика, фактура не испорачуваме
Пратеникот Артан Груби по инаугурацијата на Стево Пендаровски за нов претседател на Македонија денеска во Собранието истакна дека неговата партија ДУИ нема да испорачува фактура за тоа што беше поддржана победата на кандидатот на владината коалиција во вториот круг од изборите на 5 мај.
- ДУИ беше пресуден, одлучувачки фактор во негоавата победа, затоа нема зошто да испорачуваме фактури, бидејќи тоа е и наш кандидат кој што победи на овие претседателски избори. Најголемата „фактура“ која што е испорачана е консензуалноста и победата на политиките на ДУИ и претседателот Али Ахмети кои што ги поставивме во 2014 година. Поголема фактура од тоа не може да постои - рече Груби денеска во Собранието, изјави Груби на новинарско прашање.
