Економија, финансии, бизнис

Контакт

Артан Груби: Новиот лидер на СЈО да биде избран од Советот на јавни обвинители

Артан Груби: Новиот лидер на СЈО да биде избран од Советот на јавни обвинители

Пратеникот Артан Груби во име на ДУИ побара наследникот на Катица Јанева како шеф на Специјалното јавно обвинителство да биде веднаш одбран од Советот на јавни обвинители, а не нејзината работа да ја продолжи Вилма Рускоска од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

„Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да го наследи СЈО, туку на Советот на обвинители“, коментираше денеска оператибвниот секретар на ДУИ.

Според изјавата, ДУИ се сложува со предлог-законот на СДСМ и Заев споре кој СЈО ќе се инкорпорира во редовното ОЈО како Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но уште веднаш да биде избран лидерот од редовите на Советот на јавни обвинители, односно да нема привремено ад-хок решение.

„Не е работа на политичките партии да навлегуваат во кадровски решенија за нов обвинител. Кога тоа го направија пред 4 години, гледаме сега што излезе.“ смета Груби. 

Тој од името на ДУИ порача дека партијата го смета новиот закон како добра основа за компромис кој треба да се постигне со парламентарна дебата. Главно се задоволни од решенијата за трансформацијата на СЈО во редовното државно обвинителство.

На актуелното СЈО мандатот му истекува на 15 септември, а од утре започнува собраниската дебата за новиот предлог-закон кој Заев го најави минатата недела.

Слично

Поврзани вести