Артан Груби ја соопшти првата „зелена“ одлука: За „Хасан Приштина“ одвоени 2 милиони евра
Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека со Ребалансот на буџетот, за кој вчера беше донесена одлука за усвојување на владина седница, ќе се одвојат 2 милиони евра за реконструкција на патот од излезот на Скопје кој води кон границата со Косово.
- Сообраќајниот хаос на патот „Хасан Приштина“, од кружниот тек до булеварот „Словенечка“ или познат како патот кон Косово станува булевар. Вчера со ребалансот на буџетот распределивме средствата за реализација на овој извонреден проект на град Скопје. Градот Скопје е една успешна приказна и заедно со Шилегов имаме многу амбициозни планови за нашата метропола, објави министерот за политички систем.
Груби ова го најави како проект од „зелената агенда“ со која ДУИ ја најави својата транбсформација на политичката сцена.
Слично
