Економија, финансии, бизнис

Контакт

Артан Груби ја одложил седницата за пописот

Артан Груби ја одложил седницата за пописот

Артан Груби како претседател на собраниската комисија ја одложил седницата за предлог-законот за попис. Точката изутрина беше тргната од дневен ред, а не се знае кога ќе биде закажана повторно. Пратеници од СДСМ велат дека синоќа Комисијата на седницата била одложена од страна на претседателот Груби без образложение.

Пратеникот на ДУИ рече дека Комисијата не успеала да обезбеди претставник од Мисијата на ЕУ, ниту пак да поканат претставници на дипломатскиот кор и други гости, имајќи предвид дека покрај Предлог-законот за попис, на дневен ред е и Извештајот на ЕК.

– Комисијата ја закажавме во петокот попладне, но на дневен ред е и Извештајот на ЕК, па поради краткиот период за подготовка, затоа што за жал времето за подготовка беше многу кусо и за време на викенд, не успеавме да осигураме претставник од Мисијата на ЕУ, ниту да го поканиме дипломатскиот кор, невладините и други гости, изјави Груби за МИА.

На собраниската веб-страница нема нов датум за одржување на седницата на Комисијата.



Слично

Поврзани вести